Со „Виз ер" од Скопје до Брисел, Париз и Франкфурт за 1.500 денари

Bez autora
Aug 05 2013

Од следната година, нискотарифната авиокомпанија „Виз ер" ќе воведе директни летови од Скопје до Брисел, Франкфурт и Париз, летови субвенционирани од Владата. „Виз ер" веќе оперира кон десет европски дестинации со субвенции од македонската Влада, кон новите три дестинации ќе сообраќа двапати неделно почнувајќи од април, а цената на билетите ќе чини најмалку 1.500 денари. За да се постигнат најавените и веќе постоечките летови, извршниот потпретседател на Виз Ер Џон Стивенсон, најави и дека од април следната година ќе пушти во сообраќај и нов патнички авион Ербас А-320 со што го зголемува својот возен парк по воспоставената база на аеродромот „Александар Велики" во Скопје.

Со „Виз ер" од Скопје до Брисел, Париз и Франкфурт за 1.500 денариОд следната година, нискотарифната авиокомпанија „Виз ер" ќе воведе директни летови од Скопје до Брисел, Франкфурт и Париз, летови субвенционирани од Владата.

„Виз ер" веќе оперира кон десет европски дестинации со субвенции од македонската Влада, кон новите три дестинации ќе сообраќа двапати неделно почнувајќи од април, а цената на билетите ќе чини најмалку 1.500 денари.

За да се постигнат најавените и веќе постоечките летови, извршниот потпретседател на Виз Ер Џон Стивенсон, најави и дека од април следната година ќе пушти во сообраќај и нов патнички авион Ербас А-320 со што го зголемува својот возен парк по воспоставената база на аеродромот „Александар Велики" во Скопје.

Најавено е и дека „Виз ер" ќе ги зголеми фрекфенциите на летови за постоечките дестинации.

Така, до Малме се зголемуваат летовите од пет на седум во неделата, кон Базел место трипати ќе сообраќаат петпати, кон Дортмунд и кон Ајндховен се зголемуваат летовите од два на три, а кон Гетеборг од два на четири пати и кон Минхен од два до трипати во неделата.

Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, Владата и воздухопловните власти постојано прават напори за привлекување што поголем број авиокомпании за оперирање од македонските аеродроми, зголемување на бројот на патници и овозможување нови дестинации и поевтини билети за граѓаните.

Смета дека активностите што се преземаат и субвенционирањето придонеле за зголемен број патници во првите седум месеци од годинава споредено со истиот период лани на двата аеродрома за 18,2 отсто.

Пет топ дестинации за македонските граѓани се Истанбул, Виена, Цирих, Лондон, Љубљана и Малме.

„Виз ер" учествува со 35,2 отсто во вкупниот број патници, по што следат „Туркиш ерлајн", „Аустрија ерлајн", „Адриатик ерлајн" и „Пегасус".

Од ТАВ Македонија рекоа дека се прават напори за зголемување на летовите кон Италија и повторно воспоставување на линиите кон Будимпешта и кон Прага.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik